Еден ден пред да истече рокот за економските мерки што ги воведе Владата, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува цените да се стабилизираат, а дизелот да биде поевтин за 6,5 денари.
Тој најави онлајн владина седница за утре, и, како што рече, земјата ќе остане со најниски цени на горивата.
„Претходната повластена стапка за бензинот од 10 проценти ќе се врати на 18 проценти, додека кај акцизите ќе остане намалувањето од два денари по литар за дизелот и безоловниот бензин од 95 и 98 октани, бидејќи просекот во втората половина од мај за дизелот и безоловниот бензин беше помеѓу 1.000 и 1.200 долари за барел.“
Тој додаде дека ќе продолжат да преговараат со „Октан“ за дополнителни попусти.
The post Мицкоски: Очекувам цените на горивата да се стабилизираат, дизелот да биде поевтин за 6,5 денари appeared first on Во Центар.
Пронајдете не на следниве мрежи:



