среда, 25 ноември 2026
Најново

Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

    Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања во врска со конкретни чекори за решавање на проблемот со Бугарија, рече дека е подготвен да седне да разговара, но оти е познат ставот на Владата по тоа прашање, како и црвените линии.

-Нашиот став е многу јасен, се знаат кои се црвените линии, ние сме ги опишале тие црвени линии многупати досега. Подготвени сме да седнеме и да разговараме, но не би било коректно некој да очекува дека оваа Влада додека сум јас премиер наеднаш ќе каже дека ова досега што го зборевме не важи, сега ќе седнеме и ќе направиме уставни измени. Барем јас додека сум претседател на Владата. Ако дојде некој друг нека тераат друга политика .
Премиерот Мицкоски  повтори дека неговата Влада нема да дозволи уставни измени без конкретни обврски од источниот сосед и јасни гаранции од Европската Унија, при што истакна дека очекува и доследно почитување на меѓународното право како предуслов за напредок.  

Поврзани вести