Мицкоски се сретна со Зеленски во Лондон: „Недвосмислена поддршка за Украина“

Премиерот Мицкоски во Лондон се сретна со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Како што вели мицкоски изразил јасна и недвосмислена поддршка за Украина.

– Денеска во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон остварив кратка средба и разговор со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство.

Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици.

Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање. – напиша Мицкоски на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: