сабота, 28 ноември 2026
Најново

Мицкоски се сретна со кралот Чарлс III: Разговаравме за стабилност, развој и заштита на природата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денес се сретна со кралот Чарлс III.На својот Фејсбук профил, Мицкоски пишува дека средбата била искрена и суштинска, и дека било разговарано за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство.„За време на мојот престој во Лондон, се сретнав со Неговото Кралско Височество, кралот Чарлс III.Средбата беше искрена и смислена. Разговаравме за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот им посветува големо внимание со години.Оваа средба е признание и почит, но и охрабрување да се продолжи по патот на споделени вредности, доверба и партнерство.„Како дел од Берлинскиот процес организиран од премиерот Кир Стармер, имав неколку средби насочени кон стратешка економска и инфраструктурна соработка со Обединетото Кралство“, напиша Мицкоски. 

Поврзани вести