Премиерот Христијан Мицкоски го пречека премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на билатерална средба. За време на средбата, се разговараше за продлабочување на соработката меѓу двете земји, со посебен фокус на европската интеграција, економскиот развој и зајакнувањето на регионалните партнерства. Во фокусот беше и соработката меѓу инвеститорите, компаниите и институциите.
„Договорот што го потпишавме денес дава можност за поинтензивна соработка во неколку стратешки сектори, ќе работиме на развој на неколку конкретни проекти и иницијативи во транспортот, енергетиката, информатичката технологија, индустријата, производството, здравството, образованието, јавната безбедност, одбраната, сајбер безбедноста и управувањето со границите. Тоа е од особено значење бидејќи договорот остава подлабок простор помеѓу институциите, компаниите, инвеститорите, академскиот сектор и експертите од двете земји“, изјави Христијан Мицкоски – премиер на Република Македонија.
Во меѓувреме, хрватскиот премиер стави акцент на патната инфраструктура и соработката меѓу двете земји во областа на безбедноста на транспортерите и полесниот транспорт на стоки.
„Драго ми е што разговаравме и за соработка во транспортот, двете земји се наоѓаат на важен трансевропски коридор што е од особено значење за вас и верувам дека ќе продолжиме со инвестициите и ќе обезбедиме полесен транспорт, не само за патниците, драго ми е што Хрватска, со промените за странците и визите за транспортерите, им даде порака на сите соседни земји“, додаде Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.
Двајцата премиери потпишаа договор за стратешка соработка меѓу двете земји, додека Министерството за енергетика, рударство и минерални ресурси на Северна Македонија и Министерството за економија на Хрватска потпишаа меморандум за соработка.
The post Мицкоски се сретна со Пленковиќ: Ја продлабочуваме соработката меѓу Македонија и Хрватска appeared first on Во Центар.



