недела, 15 ноември 2026
Најново

Мицкоски тврди дека нема договор со ДУИ за враќањето на Груби

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека нема никаков договор со ДУИ околу враќањето на поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен за проневера во Државна лотарија. Според Мицкоски, Груби е обезбеден од страна на органите на прогонот.
– Бегалецот е обезбеден од страна на органите на редот. Сè понатаму е одлука на друга власт – тоа е судската власт. Тоа нема никаква врска со Владата. Но, потсвеста е чудна и сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И тоа ги „буши“. Да не се прошири делото од Лотарија, па да преминеме во здравство или можеби нешто поврзано со канабисот, рече Мицкоски од собраниската говорница каде присуствува на седница за пратенички прашања.
вели дека нема никаква логика дека се договорил со оние кои сакаат да го видат неговиот политички крај.
– Јас како човек бев најнапаѓаниот од истото ова лице, Артан Груби. Се сеќавате на онаа фамозна реплика во еуфорија и една т.н. хистерија предизвикана од страна на истото лице, позната како „папа Мицко“. Се сеќавате кога на ден Прочка се креваа дронови над семејната куќа на мојата сестра и тој имот се претставуваше како мој скриен имот. Се сеќавате колку пати во јавни изјави и настапи од страна на Артан Груби и сите тие кои во тоа време беа дел од Владата предводена од СДСМ, ме напаѓаа мене лично, и со ниски страсти и со лаги, со клевети. И сега по некоја чудна логика јас излегувам како претседател на Владата и се договорам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека тука нема никаква логика, рече Мицкоски.

Поврзани вести