Мицкоски ќе оди на инаугурацијата на Трамп, од Владата велат дека е можно да се сретне со Илон Маск

Македонскиот премиер Христијан Мицкоски е поканет и ќе оди на инаугурацијата на Доналд Трамп за претседател на САД на 18 јануари, велат од Владата.

Македонскиот премиер на 20 јануари ќе присуствува и на свеченоста насловена како „Гласови на слободата“ која ќе се одржи по инаугурацијата, организирана од компаниите „Трамп медиа“ и „Рамбл“.

Најавено е дека за време на престојот во Вашингтон, македонскиот премиер ќе се сретне со Хауард Лутник, копретседавач на тимот за транзиција на претседателот Доналд Трамп и министер за трговија, Девин Нунес, претседавач со советодавното тело за разузнавање на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Трамп медиумската корпорација и со основачот и извршен директор на „Рамбл“, Крис Павловски.

Од Владата велат дека се „можни и средби со Ричард Гренел, пратеник за специјални мисии на претседателот на САД, со државниот секретар Марко Рубио и со Илон Маск, кој е назначен за шеф на Одделот за владина ефикасност“.

Пронајдете не на следниве мрежи: