Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава на настанот на осветувањето на водите на реката Вардар испрати порака до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека неговите министри нема да можат да учествуваат во техничката Влада доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаат и не дадат поддршка за техничката Влада.
Тој потенцираше дека никаде во свет не постои пример во кој политичка партија учествува во Влада, а за истата не дал поддршка.
- Магични резултати за само 10 минути: Ставете магдонос во сода бикарбона и гледајте го чудото како се случуваМагдоносот со сода бикарбона останува миризлив и свеж до еден… Read more: Магични резултати за само 10 минути: Ставете магдонос во сода бикарбона и гледајте го чудото како се случува
- Питон е пронајден во дворот на основно училиште во Белград: Откриен и кому му припаѓаТопчест питон долг околу 40 сантиметри е пронајден во дворот… Read more: Питон е пронајден во дворот на основно училиште во Белград: Откриен и кому му припаѓа
- Студентската листа во Србија бара оставки во полицијата, БИА и во обвинителствата, како и повторно отворање на истрагитеПретставниците на Студентската листа „Студентите победуваат“ во Србија побараа оставки… Read more: Студентската листа во Србија бара оставки во полицијата, БИА и во обвинителствата, како и повторно отворање на истрагите
- Под „закани“ од Германија, ЕУ се откажува од предлогот за придружно членство на КанадаЕвропската унија се повлекува од идејата Канада да стане придружен… Read more: Под „закани“ од Германија, ЕУ се откажува од предлогот за придружно членство на Канада
- Санчез ветува строги мерки доколку се утврдат безбедносни пропусти по железничката несреќа во ТоледоШпанскиот премиер Педро Санчез вети цврст одговор доколку истрагите откријат… Read more: Санчез ветува строги мерки доколку се утврдат безбедносни пропусти по железничката несреќа во Толедо
-Ако некој учествува во Влада, тоа значи дека таа Влада треба да се поддржи. Во светот не постои искуство и пример, да политичка партија учествува во Влада, а притоа да не ја поддржи таа Влада. Постојат примери во кои што политичка партија не учествува во Влада ама ја поддржува. Не постои пример да политичка партија земе учество во Владата ама не гласа за Владата. Затоа сметам дека ВМРО-ДПМНЕ соогласно Закон исто како сите други политички партии кои се повикани да имаат министри во техничката Влада треба ги даде своите кандидати и да гласа за таа Влада. Доколку ВМРО-ДПМНЕ реши да не гласа за таа Влада тогаш сметам дека тие места треба да останат празни, мандатарот да предложи Влада во која тие мести ќе бидат празни и во моментот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе реши да ја поддржи Владата тогаш наредниот ден ќе може мандатарот да предложи и во истиот ден да се изгласаат министрите кои што на нив им следуваат, вели Ковачевски.
Ковачевски одговори и најавите на Мицкоски дека неговите министри во техничката Влада нема да присуствуваат на седниците на Влада.
-Да не се присуствува на седници на Влада во Владата во која што сте член, не можам да го коментирам, истакна Ковачевски.
Пронајдете не на следниве мрежи:



