Мицотакис изјавил желба да ја посети Македонија и да ги освежи спомените

Заев изминатите два дена беше во Атина, каде учествуваше на конференција и угледниот магазин „Економист“, а за време на престојот имаше и средби со Мицотакис и со грчката претседателка Катерина Сакеларопулу.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис сака да дојде во Скопје, затоа што сака да се потсети на тогашните години 1999-2000 кога бил главен, одговорен на Националната банка на Грција за аквизицијата или купувањето на Стопанска банка – Скопје.

Тој има убави спомени од тој период. Нема дојдено од тогаш, открива претседателот на Владата Зоран Заев , по средбата со неговиот грчки колега.

Македонскиот премиер детално и опширно говори за разговорите со грчкиот државен врв при неговата прва посета на грчката престолнина, открива кои се следните чекори на билатерално ниво, најавувајќи интензивирање на соработката,  а ги коментира и последните случувања во односите со Бугарија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.