
Вели дека ова е начин за да се намалат негативните последици од Договорот од Преспа.
–Неопходно е да се бopиме за да ги ублажиме нeгативните последици користејќи го како алатка за притиcoк процесот на интеграција на Скопје во Европската Унија. Мораме да дадеме и силна поддршка на македонските производи, кои вие ги оставивте на нивната судбина. Потребно е и спроведување голема светска комуникациска кампања за автентичната грчката Македонија. Ова го кажав и ќе го сторам тоа. И ако господине Ципрас не сакате да дадете поддршка, бидејќи сметате дека договорот што го потпишавте е толку важен, сами ќе го сториме тоа – рече Мицотакис.
Во своето обраќање со кое директно му се обрати на Мицотакис поранешниот премиер и лидер на СИРИЗА, Алексис Ципрас потенцираше дека му е драго што како премиер одлучил да ја задржи националната линија за еден национално корисен договор.