Мицотакис: “Тркачот“ не оди никаде. Тие многу брзо ќе го фатат патот од власта, со пресуда од грчкиот народ

Коментирајќи ја дискусијата што се отвори во Грција за наводна размена на споменици, односно како што рече, „за наводна размена на споменик – симбол што воопшто не ѝ припаѓа на државата, туку на Општина Атина, со некој кич споменик на Александар Велики, доказ на фалсификувањето на историјата“, лидерот на грчката опозициска партија “Нова демократија“, Кирјакос Мицотакис вели дека лошите последици од Договорот од Преспа, од штетни стигнуваат до смешни.
“Тркачот“ не оди никаде. Тие многу брзо ќе го фатат патот од власта, со ваша одлука, со пресуда од грчкиот народ”, изјави Мицотакис.
Во говорот кој го одржа на грчкиот остров Лезбос, каде што беше во еднодневна посета, претседателот на “Нова демократија“, се осврна на Договорот од Преспа и ги повтори неговите и позициите на неговата партија, дека Ципрас прифатил македонски јазик, македонски идентитет,односно „во суштина прифати македонска националност, македонска култура“, јави дописничката на МИА од Атина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.