Мишел Обама (56) води здрав начин на живот и во шестата деценија и може да се пофали со добар изглед.
Поранешната прва дама на Америка редовно вежба, а тоа го покажуваат и нејзините фотографии на Инстаграм. Сега објавила краток дел од напорниот ден поминат во теретана.
Облечена во спортски хеланки и топ, додека ја држела топката високо во раце, ги покажала совршените стомачни мускули. „Не се чувствувам добро секогаш кога вежбам. Но, после тоа секогаш ми е драго што сум отишла во теретана“, напишала таа во описот на фотографијата која ја лајкувале речиси два милиони корисници.