Мишел отворено за својот брак со Обама: „Некогаш ми доаѓа да го турнам низ прозорец…“

Некогашната прва дама има важна порака за сите млади кои што штотуку или пак допрва треба да влезат во брачните води.
Мишел Обама, која што наредната година ќе прослави 28 години брак со Барак Обама, зборувала за тоа колку треба да се вложи во една врска за истата да трае долго.
Мишел била искрена во поглед на брачните падови и воздигнувања кои што таа и Барак ги доживеале.
„Имаше моменти кога сакав да го турнам Барак низ прозорец. И тоа, намерно го велам, затоа што чувствата се толку интензивни. Но, тоа не значи дека сакав да го напуштам. А, тие периоди некогаш можат да траат многу долго, па дури и неколку години“ – истакнала таа.
Мишел исто така коментирала и за генерациите кои што не се толку многу отворени за проблемите во бракот:


„Младите парови се соочуваат со предизвици и подготвени се да се откажат затоа што мислат дека се скршени. И со тоа сакам да кажам, дека и јас и Барак неколку пати сме биле скршени. Доколку во тие тешки моменти се оддалечував од него, сега би ми недостасувала сета оваа убавина која што ја имам“ – истакнала таа.
Што се однесува до особините кои што се важни кога станува збор за пронаоѓање на партнер за цел живот, Мишел вели дека тоа ја потсетува на избирањето на кошаркарски тим:
„Доколку го гледате тимот, луѓето со кои што сакате да победите, тогаш сакате сите во вашиот тим да бидат моќни, зар не? Не сакате никакви слаби точки и не сакате некој над кој ќе може да доминирате“ – вели Мишел.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.