Мишел Платини приведен заради корупција

Екс-претседателот на УЕФА, Мишел Платини утрово е однесен во притвор во рамките на истрагата околу корупција при доделувањето на организацијата на Мудијалот во Катар во 2022 година.
Легендарниот Французин е однесен во просториите на Антикорупциската канцеларија на судската полиција, во Нантер каде ќе биде сослушан од страна на обвинителите.
Славниот Платини од 2007 до 2015 година беше претседател на Европската фудбалска асоцијација УЕФА, но од оваа функција мораше да се повлече по одлуката на Етичкиот комитет на ФИФА заради вмешаност во бројни корупциски афери. Најголема од нив е токму онаа поврзана со доделувањето на организацијата на Мундијалот на Катар.
Одлуката организацијата на Мундијалот во 2022 година да му се додели на богатиот Катар уште од самиот старт предизвика многу сомнежи дека гласовите при изборот биле платени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.