Сашо Мијалков ќе се брани од слобода

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков излегува од куќен притвор и ќе се брани од слобода. Укинувањето на куќниот притвор следува бидејќи денес истекуваат 60 дена откако беше изречена првостепената пресуда за “Титаник 2“, кога тој доби затворска казна од три години.
Иако пресудата беше изречена на 8 март и по 60 дена таа сѐ уште не стана правосилна. За да стане правосилна потребно е Апелацискиот суд да се произнесе за жалбите.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.