Сагата помеѓу Мицковски и Мијалков не завршува. Откако го инагурираа за Лидер на наместен конгрес Фолк Фест Валандово и нели славеа демек дека завршиле работа, им покажа клоца и ги исфрли од Партијата во која сите членуваат од деца. Тоа е правилото кога регрутираш безрбетници и послушници. Лесно се вртат, а уште полесно се свртуваат против тебе. Ставаш Претседател на Десничарска Партија како ВМРО човек што нема врска со истата. Да се погледне по архивите само 5 години наназад човеков го нема, не постои, најверојатно тогаш бил член на ЛДП. Дај покажете барем датум на Партиска Книшка кога е зачленет. Тоа е со свој камен по своја глава. Ама вашите погрешни избори, калкулантства, лоши одлуки, и ја скршија главата и кичмата на еден цел народ.
Во прилог писмото од Сашо Мијалков до Христијан Мицковски
Знаејќи дека е невистина обвинувањето заради кое сум исклучен, одлучив да оставам да поминат неколку дена за сите членови да видат дека раководството нема да презентира ниту еден доказ против мене.
Лагите кои ми беа накалемени, беа фабрикувани зашто некој кому не му оди прифаќањето од јавноста , градеше сопствен рејтинг врз мојот грб на сметка на мојата чест углед и достоинство-вака поранешниот директор на УБК и висок функционер на ВМРО ДПМНЕ Сашо Мијалков го почнува отвореното писмо на четири и пол страници до „претседателот“ на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и во кое уште еднаш со индигнација ги отфрла лажните обвинувања од луѓето кои до вчера како што вели се потпирале на неговиот труд, резултати и авторитет. Тој го повика Мицкоски наместо кукавички да му подметнува лажни обвинувања,да презентира докази пред партијата и пред јавноста.„Самите го лажевте членството преку социјалните мрежи и медиумите блиски до партијата, дека јас сум подготвувал некаков пуч, дека ќе следело „панорама 2″, и дека или вие или јас ќе сум победел. на почетокот мислев дека сето тоа е некаква шега, но сега гледам дека некои болни умови смислиле план што не би го смислило ни дете од 10 години. тој што ви кажал дека со вештачко правење на т.н. „Панорама 2″, со лажни аргументи, со невешто смислено „филмско сценарио” за наводен план за пуч и наводно пресретнување на пучот, прикажувајки некаква измислена победа против измислен противник, креаторот на овој „бурлески план” мора да е сериозно залутан во политиката“, пишува Мијалков во писмото до Мицкоски.Мијалков повикувајќи се на комуникација со претставници од партиското раководство, му пишува на Мицкоски дека е на погрешен пат не само во односот кон него, туку и со односот кон други политички чекори и одлуки и дека за жал времето ќе го докажело тоа. „Без елементарни докази, верувајки дека така ќе се повтори успехот од 2006-тата, креаторот на овој филм заборавил да ви каже дека за тоа, пред се треба да имате чесен однос меѓу самите себе во раководството на партијата , наместо еден со друг да си се лажете, да си се оговарате, да си правите интриги и да сте неискрени. потоа потребен е чесен однос кон членството кое го заслужува тоа, и секако чесен однос кон македонскиот народ и граѓаните на Македонија, наместо дволични игри, кои народот ги чуствува и препознава“, пишува Мијалков во писмото во кое меѓу другото бара одговор од Мицкоски на седум прашања, како што вели пред тој да почнел да говори.
1.Зошто ако сакаше да го одбраниш името, не застана цврсто зад таа кауза, со масовно и секојдневно организирање мирни протести на кои ќе ги поведеше илјадниците мотивирани граѓани и членови на партијата?
2. Зошто oткако се потпиша договорот, не го повика народот на одлучно гласање „против” и со тоа да се оствари силна победа над оние што беа „за”?
3.Ако ти веруваше во тоа, односно знаеше како што тврдиш дека власта ги апси луѓето со политички монтирани обвиненија за 27ми април и за случаи конструирани од сјо,зошто барем еднаш јавно не побара од претседателот иванов да ги заштити за да не се предмет на уцена ?
4.Зошто цели 3 месеци по објавувањето и потпишувањето на договорот со Грција, ти немаше никаков став како ќе се постапи на референдумот, и остави огромен простор други помали партии, групи, поединци и којзнае чии скриени експоненти да го водат членството во бојкот?
5.Дали ти интимно посакуваше да се смени името, а притоа вината да се фрли врз прогонетите пратеници а потоа да излезеш „чист” од целата ситуација?
6.Зошто Христијане во партијата на меѓусебни средби поврзани со решавањето на името говореше едно, а во јавноста друго, се до неодамна, кога пред повеќе недели нагло ја прекина комуникацијата со мене и по трет пат заради лични интереси го смени курсот во многу полоша насока за државата ?
7.За крај, бидејќи мене ми се префрла дека сум бил свртен кон материјалниот интерес, а не кон партијата и идеологијата, како тоа ти како професор со 500 евра плата успеа да дојдеш до неколку хидроцентрали токму за време на владеењето на ВМРО?
Гласат седумте директни прашања до Мицкоски во отвореното писмо во кое Мијалков уште го прашува лидерот на ВМРО ДПМНЕ и зошто лажел дека му се заканувал на Мукоски, дека им давал пари на пратеници , дека бил на прослава организирана од СДСМ по гласањето во собранието и зошто тој како партиски лидер ги оставил на цедило пратениците.
Мијалков реагира и на тоа што не бил викнат во партијата да ги образложи наводите и да каже каков бил ставот на Мицкоски во ноември и декември лани за името а каков бил сега па да се видело кој е предавникот а кој криминалецот а кој патриотот и чесниот кон својот народ. во писмото Мијалков го обвинува Мицкоски за дволичност и двоен морал и дека со лаги и интриги немало да успее и да дојде на власт, а ќе ја урнисал партијата и Македонија.
Мијалков за потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николовски за деновиве најавува тужба за клевета и навреда. Го излажавте централниот комитет и општинскиот комитет центар и генерално земено нечесно се однесувате. граѓаните тоа го препознаваат и затоа ВМРО-ДПМНЕ не може ниту да се изедначи со СДСМ на анкетите на јавното мислење и доверба. Мијалков во писмото зборува за разнишаната доверба што дури и неговите луѓе ја имале во Мицкоски па му се обраќа со зборовите да запомни дека со лаги и интриги не се освојувала довербата на народот и дека Мицкоски требало да се засрами и дека во периодот што следи народот и членството ќе го виделе лажното лице на Мицкоски бидејќи не бил патриот каков што сакал да се претстави бил лажен а времето ќе го докажело тоа.