Мијалков пред судот тврдеше дека бегањето не е во негов стил, МВР се уште трага по него!

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков од вчера не е достапен за органите на прогонот. По него веќе е распишана национална потерница, а од МВР информират дека ќе бараат распишување и на меѓународна.
Инаку, Мијалков неодамна во своите завршни зборорови пред судот тврдеше дека бегањето не е во негов стил и доколку Апелациониот суд ја потврди пресудата, тоа ќе го реши со извршување на казната.
-Со бегање проблемите не се решават. Стилот на моето живеење и однесување не е бегањето. Односно сакам да кажам, јас никогаш нема да побегнам. и доколку оваа пресуда ја потврди и Апелациониот суд, тоа ќе го решам со извршување на казната, никако со бегање, истакна пред судот во своите завршни зборови неодамна Мијалков.Куќниот притвор изминатиот викенд го изрекоа од Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на обвинителството кое побарало построга мерка на претпазливост во пресрет на изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари.
Мијалков последен пат, како што објавивме, бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.