МКФ ги осуди националистичките инциденти на мечот Лирија-Куманово

Македонската кошаркарска федерација (МКФ), во саботата, ги осуди националистичките испади, кои доведоа до 120-минутен прекин на четвртфиналниот натпревар во националниот Куп, помеѓу екипите на Лирија и Куманово.„Ригорозно ќе се спротиставиме на сите вакви следни проблеми, кои несомнено ќе ги има затоа што живееме во време полно со тензии. Но, нема да потклекнеме и да ја прегазиме кошарката. Спортот е нешто свето и сите ние заедно го градиме со многу труд, енергија и емоции. Арената „Борис Трајковски“ е арена за спорт и ќе остане само за спорт. Секој залутан кој ќе дојде и ќе мисли дека ќе може да ја злоупотреби за други цели, се лаже дека ќе му овозможиме место за егзибиционизам. На секое националистичко навивање, на секое непочитување и навредување на противникот, ќе има празнење на сала. Повторно и повторно додека не сфатат дека за тоа што го прават, нема место во кошаркарските арени“, се вели во дел од соопштението кое МКФ го објави на својата интернет страница.Од МКФ искажаа благодарност до припадниците на МВР за нивната асистенција при спроведувањето на пропозициите и до раководствата на двата клуба кои направиле максимални напори кои го дале својот целосен придонес за да не дојде до посериозни инциденти.Исто така МФК им се извини на сите вистински љубители на спортот кои останале до крајот да го проследат натпреварот.„Токму заради таквите љубители на спортот, имаме обврска да ја заштитиме кошарката од оние кои сакаат да ја злоупотребат. Ние немаме друг избор, ниту моќ, освен на ваков начин да се бориме против оние кои не му мислат добро на спортот. И Федерацијата и клубовите станаа заложници на одредени поединци, но се надеваме дека со упорност ќе успееме да го заштитиме она што ни е најважно, кошарката“, се вели во соопштението од МКФ.Инаку, четвртфиналниот натпревар меѓу Лирија и Куманово беше прекинат во 15-та минута, поради националистичките испади на навивачките групи на двата тима.Делегатот на натпреварот во договор со судиите, почитувајќи ги правилата, го прекина натпреварот и побара да бидат испразнети трибините на кои беа сместени навивачките групи.Откако со асистенција на МВР тие беа отстранети од арената „Борис Трајковски“, натпреварот продолжи и заврши со победа на Куманово од 103:89.
МакфаксМакедонската кошаркарска федерација (МКФ), во саботата, ги осуди националистичките испади, кои доведоа до 120-минутен

Пронајдете не на следниве мрежи: