Млада мајка се породи и стана алергична на вода, не смее да се тушира

Младата мајка, Шерел Фаруџија од Кардиф станала алергична на вода откако се породила, а кога врне таа мора во целост да го покрие телото. Таа е само една од 35 луѓе ширум светот кои го имаат ова ретко пореметување.
Шерел не смее да биде сама дома кога се тушира, бидејќи постои опасност да добие анафилактичен шок, пренесува Mirror. Таа вели дека ова пореметување ѝ го претвори животот во кошмар.
На докторите им биле потребни три месеци да откријат дека таа боледува од аквагена уртикарија, ретка состојба која брзо се развива доколку кожата дојде во допир со вода. За оваа алергија моментално не постои лек, а докторите веруваат дека е поврзана со хормоните на Шерел откако се породи со ќерката.


“Речиси шест недели после породувањето забележав дека кожата ме чеша кога се туширам. На почетокот помислив дека е реакција на сапунот кој го употребувам, а потоа помислив дека станува збор за температурата на водата”, вели таа.


Шерел рекла дека потоа се обидела да се тушира со топла, студена и врела вода, но дека секој пат нејзината кожа исто реагирала.
“Се обидов да променам сè, но ништо не ми делуваше. Тогаш не претпоставував дека сум алергична на вода, бидејќи не знаев дека такво нешто постои”, изјави таа.
Мајката признала дека после породувањето, откако добила алергија, “паднала” во депресија.
“Беше ужасно, бев на граница на самоубиство. Не можев да станам од кревет, ниту да излезам од дома, а се плашев дека нешто ќе ѝ се случи на мојата ќерка”, откри таа.
Покрај сè, Шерел се тушира, но води сметка колку долго ќе биде под вода.
“Откако ќе се истуширам потоа мора брзо да ја исушам кожата, но тоа трае 30 минути. Секогаш треба да биде некој со мене за да не добијам анафилактичен шок”, рекла Шерел, која смее да пие вода, бидејќи алергијата не влијае на неа интерно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.