Младиот пејач од Македонија плачел на пробите со Марија Шерифовиќ?! ПЕЈАЧКАТА се пошегува со него во „Ѕвездите на Гранд“

По нивниот настап прва коментираше пејачката Ана Бекута која отворено изјави дека не гласала за Филип затоа што тоа го направила нејзината колешка Светлана (Цеца), а според неа, младиот пејач не заслужува пет гласови….

Филип Ангов од Гевгелија се претстави во „Ѕвездите на Гранд“ во дуел со Нилвеса Хајдаревиќ од Виена.

Тие и двајцата по настапот од жирито добија само по четири гласови со што завршија во баражот.
По нивниот настап прва коментираше пејачката Ана Бекута која отворено изјави дека не гласала за Филип затоа што тоа го направила нејзината колешка Светлана (Цеца), а според неа, младиот пејач не заслужува пет гласови.

Oд друга страна Цеца изјави дека гласала за него затоа што има феноменална енергија и оставил впечаток на неа.
„Не сте за шест гласови, но тој некако остави подобар впечаток од девојката“, го коментираше Цеца настапот на пејачите.

Младиот пејач од Македонија плачел на пробите со Марија Шерифовиќ?! ПЕЈАЧКАТА се пошегува со него во „Ѕвездите на Гранд“

„Филип, ти беше добар, но очекував повеќе. Ти се сушеше устата, настана колапс, имаше трема и страв. Имаш добра песна за во бараж и тоа е супер“, заклучи Шерифовиќ која му е менторка на македонскиот пејач.
По коментарот на Шерифовиќ, се надоврза и Ѓорѓе Давид кој во шега ја праша својата колешка.

„Марија имам прашање. Дали твојот кандидат плачеше на пробата?“, ја праша Ѓорѓе на што Марија се насмеа и одговори:
„Не плачеше на пробата, плачеше кај мене на пробата“, одговори пејачката со насмевка на своето лице.

Инаку, Филип повеќе сака да пее поп-музика и ова му е прв пат да се натпреварува во шоу од ваков тип.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.