Во Шведска се појави нов тренд и тоа обично кај помладите жители на оваа скандинавска земја. Со хируршки зафат помеѓу палецот и показалецот на раката си вградуваат чип, кој им ги менува сите пластични картички и електронски клучеви. Чипот е со големина на зрно ориз, и заедно со вградувањето чини околу 180 долари. Во чипот нема ГПС, што значи дека е невозможно да се следи човекот кој има вграден чип.
Чипот вграден во раката ги менува електронскиот паричник, кредитната картичка, пасошот и сите видови на електронски клучеви. Наместо картичката да се вади од паричникот доволно е само раката да се стави во близина на читачот на картички или ПОС-терминалот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.