Младоженец од Јордан починал откако ненамерно бил застрелан од гостин на свадба.
На шокантното видео се гледаат неколку гости како пукаат со автоматски пушки во воздух додека танцуваат на музика. Неколку секунди подоцна, гостин сакал да го спушти автоматот, но испукал куршум кој го погодил младоженецот кој се радувал на неколку метри. Од видеото се гледа и дека меѓу гостите имало и многу деца.
Трагедијата се случи минатиот месец за време на предсвадбените прослави во јорданската провинција Маан.
Младоженецот, кој бил полицаец, бил пренесен во болница, но подоцна починал од повредите.
Претставник на полицијата изјави дека гостинот е уапсен и оружјето е одземено.
Наводно, невестата била во козметички салон кога ја добила погубната вест. Венчавката беше планирана да се одржи следниот ден.
Властите забранија пукање за време на прославите, а граѓаните кои неовластено употребуваат огнено оружје или експлозиви се соочуваат со три месеци зад решетки или парична казна. Тие ја промовираа и кампањата „Не ја убивај својата среќа“.
Празничните пукања се доста чести на Блискиот Исток.
Невеста од Иран била убиена минатата година на сопствената свадба кога залутан куршум од пушка ја погодил во главата. Махваш Легаи (24) се венчал во градот Фирузабад кога гостин, за кој се верува дека е роднина на младоженецот, испукал од ловечка пушка за која немал дозвола.
Куршумот поминал директно низ черепот на жената.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.