Тој се заразил при престојот во Турција, а како што објави Скај њуз, кога се вратил во Украина бил тестиран и бил позитивен на вирусот, па завршил во болница. По осум дена лекување пуштен е дома, а потоа имал компликации со срцето, како поседица од инфекцијата.
Поранешната сопруга на инфлуенсерот, кој промовираше здрав живот, рече дека тој повторно е однесен во болница и тоа во тешка состојба и без свест. Таа вчера објави дека починал.
„Димо повеќе не е со нас, неговот срце не издржа“, напиша Софија и додаде дека зад него “останале само добри спомени, три преубави деца и драгоцено искуство“. Тие двајца се развеле само шест месеци пред тој да се разболи. Имаат три деца, од кои најмладото е десет месеци.
Додека Стужук престојуваше во болница на Инстаграм објави фотографија од болничкиот кревет. Напиша дека еден ден се разбудил во Турција тешко дишејќи, а вратот му бил отечен.
„Сакам со вас да споделам дека се разболев и сакам да ги предупредам сите. Бев меѓу оние кои мислеа дека короната не постои, се додека сам не се разболев. Короната не е само краткотрајна болест, и не е воопшто наивна“, напиша тој во објавата каде се гледа како лежи во болнички кревет и прима терапија со кислород.
Во таа објава на Инстаграм напиша дека лекарите инсистирале да биде хоспитализиран и дека за тоа ќе напише посебен пост.
„Болницата е полна луѓе, некои се сместени по ходници, нема храна, нема тоалетна хартија, нема прибор… Никој не ме предупреди на такво нешто. Состојбата на здравството во нашата земја заслужува посебна објава“, напиша тој.