Метју Лепре e 26-годишен милионер кој бара личен асистент на кој ќему плаќа околу 52.000 долари за да патува со него низ светот и да престојува во најскапите хотели во светските метрополи.
Метју живее во Сиднеј, но со неговиот асистент би патувал во Јапонија, Дубаи и низ САД каде ќе одржува предавања во разни компании.
Освен што ќе треба да го придружува на патувањата, асистентот ќе треба и да работи на промоција на негвиот бизнис и неговиот имиџ, но и да ги води неговите профили на социјалните мрежи, како Instagram.
Овој успешен бизнисмен месечно заработува 120.000 евра, а на асистентот почетна плата ќе му биде 52.000 евра, со платени трошоци за сместување и патување.
„Платата секако ќе зависи од претходното искуство и вештините на кандидатот. Здравственото осигурување исто така е платено. Често патувам поради мојата работа и уживам во ваквиот начин на живот, па би сакал на некого да му ја пружам приликата да ужива во сето ова со мене“, вели Метју.
Од кандидатите се бара, меѓу другото, релевантно работно искуство, валиден пасош, солидно познавање на работа со социјални мрежи, одлични организациски способности и способност за мултитаскинг.
Метју се откажал од факултетот кога имал 23 години и сам го почнал својот бизнис за е-трговија што му донесе милиони.