МЛАД ЧОВЕК ОД ПОРАНЕШНА ЈУГОСЛАВИЈА СО СЕКИРА УБИЛ СЕМЕЈСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: По масакрот повикал полиција и почнал да плаче! ЦЕЛИОТ ГРАД Е ВО ШОК

Млад човек по потекло од поранешна СФРЈ во понеделникот во Германија убил мајка, дедо и баба.Бенџамин Х.(28) веднаш по делото сам се пријавил во полиција. Германските медиуми објавија дека тој заплакал кога рекол дека го убил семејство. Три тела подоцна беа откриени во добро одржувана куќа во Тирперсдорф.Бенџамин Х. не давал отпор при апсењето. Билд пренесува дека полицијата запленила секира за која постои сомневање дека била употребена во монструозното злосторство.Локалните жители го опишуваат младиот човек осомничен за злосторството како осаменик кој живеел затскриен живот и имал мал контакт со соседството. Поминаа години од неговата последна објава на социјалните мрежи.

Според Билд, Бенџамин Х. е обучен физиотерапевт, но сепак се преквалификувал како водоводџија. Живеел со мајка му Грита Х. (59) и бабата и дедото Егон Х. (85) и Ерика Х. (84) на кои им била потребна грижа.Таткото на младиот човек, кој е од територијата на поранешна Југославија, наводно со години не е виден во градот.– Во градот доаѓаше само за кратко како преведувач на челичарници од странство – изјавил сосед за Билд.Соседите се сомневаат дека можен мотив е тешката ситуација дома.Дедото, кој ентузијастички играл фудбал, долго време бил врзан за кревет, веќе морало да му се ампутираат делови од ногата, а тој исто така бил и дементен.Семејството, особено дедото, било почитувано во малата заедница. Во младоста, Ерик помогнал во изградбата на домот на спортистите и бил претседател на клубот.– Едноставно сме шокирани и не можеме да ги изразиме нашите мисли и чувства – жалат неговите спортски пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи: