Врз основа на реформските процеси и врз основа на решавањето на билетаралните спорови оваа година имаме многу силен случај. Многу е тешко некоја земја членка на ЕУ да каже “не“ за македонската приказна во 2019 година, тоа е сегашната ситуација, изјави вчера шефот на дипломатијата Никола Димитров во врска со тоа дали земјата ќе добие датум за почеток на преговори во јуни годинава.
Според него, постои мала конфузија во читањето на пораките од Берлинскиот самит.
-Процесот е секогаш во три чекори-Европската комисија го објавува извештајот, државите го читаат, го анализираат, го споредуваат со свои информации, потоа го разгледуваат во рамките на Советот за општи работи, а потоа во Советот на ЕУ донесуваат политичка одлука, рече Димитров.
Тој на прославата на 50-годишнината од Министерството за надворешни работи се осврна на историјатот на министерството кое почнало како Биро за односи со странство на 29 април 1969 година, а подоцна прераснало во Секретаријат за односи со странство.
-Горди сме што во последните две години ја вративме честа на дипломатијата. Имаме 19 дипломати од кариера со оваа Влада од кои пет амбасадори се жени, со што се трудиме да ја постигнеме родовата еднаквост. Амбасодрки има во ЕУ, Лондон, Париз, Стокхолм и Љубљана, рече Димитров.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.