Го обожавам фактот дека немаш Фејсбук, па тука да ми изјавуваш љубов со ставање срциња и ставање слики на кои се подароците кои сум ти ги купила, па со нив да се фалиш пред другите, додека јас немо седам покрај тебе на каучот.
Пред непознати луѓе да ме претставуваш како жена која е подобра од сите, со која се гордееш и да ставаш статуси на кои пишува „feeling loved“, онака за да се знае…
Па да почнеш виртуелен натпревар, натпревар кој никој не сака да признае дека постои, натпревар за тоа „чиј маж е најдобар, чија жена е најдобра“.
Го сакам тоа што немаш Фејсбук за да ги уверуваш другите како сме хармоничен пар кој ете веќе 14 години многу се сака.
Го сакам тоа што своите чувства ги носиш и чуваш за себе.
Го сакам тоа што се твое, се она што те прави посебен и чудно убав, го носиш во себе, до себе и го чуваш скриено од другите како некое ланче кое е завиткано во џебот од капутот.
Го сакам тоа што немаш Фејсбук, па да се фалиш како ми помагаш дома, како знаеш да ги измиеш садовите, тоалетот и детето, и гумениот коњ на детето и ходникот и шпоретот.
И како после тоа си помажествен од пола мажи кои со пластична лажичка во уста седат во кладилници или кафани гледајќи туѓи жени и средношколки.
Го сакам тоа што немаш Фејсбук, па да збориш колку можеш, колку знаеш, колку си амбициозен, што ги освојуваш своите цели и соништа со „тивки чекори“.
Го сакам тоа што не збориш за својот пат, туку ти сигурно и цврсто одиш по него.
Го сакаш тоа што немаш Фејсбук, затоа што тогаш би видел како јас го правам сето ова што погоре го наведов.
Како се фалам со тебе и со детето.
Како ве издигнувам до небо пред непознати луѓе, како само јас да имам маж и дете.
Како своите чувства многу често ги преточувам во статус на кој пишува „feeling loved“, како над сите насмеани глави пишувам „семејство“, како гордо зборувам за семејството и тебе, како поради тие приказни добивам следачи и лајкови, како се упатува на тоа дека се натпреварува, иако тоа никогаш не било моја намера.
Затоа што нашата љубов не може да се натпреварува со другите љубови, ниту другите љубови можат да се натпреваруваат со оваа наша љубов.
Љубовта не може да се натпреварува, затоа што секоја љубов е различна. Ниту се споредуваат, затоа што не ни можат да се споредат. Секој во нив го носи она што го има во себе.
А ти, еве, речиси 14 години се внесуваш целосно себеси, знам, ја чувствувам и онаа најмала вена и капка крв.
Го сакам тоа што немаш Фејсбук, затоа што тоа не е место на кое треба да дознаеш дека ти си моето сѐ – и во моите минати денови, во моите сегашни денови и во деновите кои допрво доаѓаат.