Најголемата хрватска ѕвезда Лука Модриќ изјави после освоената бронза дека сите биле шокирани вчера кога слушнале за смртта на српската легенда Синиша Михајловиќ, кој по тригодишна борба со леукемијата ја загуби животната битка на 54-годишна возраст.
Модриќ испрати сочувство до семејството за трагичната смрт.
„Вчера слушнавме за веста и навистина многу нѐ шокираше. Се надевавме дека ќе се извлече, ама за жал не успеа. Навистина многу нѐ шокираше таа смрт. Јас можам само да израза сочувство до семејството и нека почива во мир“, рече Модриќ.