Испарувањето на детергентите и омекнувачите на ткаенини, кои се јавуваат поради сушење облека на радијаторите, предизвикува зголемен ризик од алергени, а со тоа и алергии.
Експертите велат дека секогаш треба да чувате сад со вода покрај радијаторот, бидејќи во спротивно воздухот се суши, а тоа негативно влијае на мукозната мембрана на органите за дишење, која станува толку сува што привлекува разни алергени и причини за разни инфекции.
Исто така, се покажа дека сушењето облека во становите го зголемува нивото на влажност за 30 проценти и дека тоа повлекува зголемен ризик од астма и алергии, на кои особено се изложени најмладите.
И покрај предупредувањето на експертите да најдат алтернативен начин за сушење облека, дури 87 проценти од домаќинствата во Глазгов, каде што беше спроведена студија, не се откажуваат од стариот метод.
Фактот дека три четвртини од сто испитани домови имале влага и зголемена концентрација на мувла, покажува дека старите навики мора да се променат.
Симптомите на респираторна инфекција се бројни – кашлање, хроничен замор, иритација на очите, грлото и кожата, главоболка или гадење.