Министерството за Надворешни Работи на Македонија, имајќи ја во предвид ескалацијата на безбедносната состојба во Израел, сугерира на македонските државјани да избегнуваат патувања во или транзит низ земјата
За македонските државјани затекнати во Израел, за сите дополнителни информации или помош да се обратат до Амбасадата на Македонија во Тел Авив на мобилен +972549096965 или некој од SOS броевите објавени на веб страната на Министерството.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.