Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија апелира до граѓаните на земјата кои се наоѓаат на територијата на Мексико да ја напуштат што е можно поскоро и безбедно.
Министерството за надворешни работи на Северна Македонија препорачува одложување на сите патувања во Мексико кои не се од итна и неопходна природа.
„Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за да им помогне на граѓаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовната СОС телефонска линија: +389 75 268 736, е-поштата: [email protected], како и преку телефонската линија на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или е-поштата: [email protected].
„Министерството постојано ја следи ситуацијата и навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти МНР.
The post МНР: Сите македонски граѓани треба да ја напуштат мексиканската територија appeared first on Во Центар.



