вторник, 24 ноември 2026
Најново

МНР: Тројца Македонци се на крузерот кој е под карантин поради коронавирусот

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Според последните информации добиени од министерството за надворешни работи на Јапонија, потврдено е присуство на тројца наши државјани на бродот кој е задржан близу Јокохама, Јапонија.
Причина за задржување на бродот е присуството на заразени лица од коронавирусот. Досега се потврдени 20 лица кај кои е пронајден овој вирус.
Министерството за надворешни работи на Република Македонија продолжува со редовното следење на состојбата во врска со ширењето на коронавирусот и мерките што се преземаат за негово сузбивање.


Граѓаните на Република Македонија кои се наоѓаат во Јапонија за подетални информации околу развојот на состојбите можат да се обратат во Амбасадата на Република Македонија во Токио на дежурниот телефонски број +81 80 4886 0103 или е-маил, [email protected].

Поврзани вести