Мобилизирани 60.000 полицајци за денешните протести во Париз

За денешните најавени протести на „Жолтите елеци“ француската Влада мобилизираше 60.000 полицајци од цела Франција. „Жолтите елеци“ порачаа дека несогласување со претседателот Емануел Макрон не е поврзано со тагата на Франција поради пожарот кој ја оштети познатата катедрала Нотр Дам.
Од полицијата најавија дека нема да бидат дозволени протести во близина на катедралата Нотр Дам и на познатата авенија Шанзелизе.
Според последните анкети, мнозинството Французи го поддржува движењето на „Жолтите елеци“, иако симпатиите за движењето се помали во однос на минатата година. Француските медиуми објавија дека кај демонстрантите има негодување и поради високите суми кои се дадоа за обнова на катедралата.
До сега демонстрантите протестираа мирно, со исклучок на неколку протести кои го претворија Париз во воена зона.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.