Могерини и Мичел денес во Скопје

Високата претставничка за недворешни работи на ЕУ Федерика Могерини и помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Арон Вес Мичел денеска ќе престојуваат во работна посета на Република Македонија.
Могерини ќе има средби со премиерот Зоран Заев, со претседателот на државата Ѓорѓе Иванов, а ќе се сретне и со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Како што соопшти владината прес-служба, Могерини и Заев ќе ја посетат Старата скопска чаршија, каде што ќе дадат кратки изјави за медиумите.


Целта на посетата, велат од кабинетот на Могерини, е да разговара за „иднината на односите и перспективата на интеграција во ЕУ за земјата“, јави дописничката МИА од Брисел.
Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Мичел, пак, како што соопшти Стејт департментот, ќе има средби со премиерот Заев и со други официјални претставници.
Како што соопштија од владината прес-служба Заев и Мичел по средбата ќе дадат изјави за медиумите пред платото на Владата со почеток во 18:30 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.