Директорка на Дипломатската академија на Европската унија, Федерика Могерини, денеска изјави дека како главни опасности за светот ги гледа дополнителните царини, војните во Источна Европа и Блискиот Исток и кршењето на човековите права, особено за Европа.
Поранешната шефица на дипломатијата на ЕУ додаде дека оние кои денеска ја слават победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД за неколку месеци ќе сфатат дека тоа ќе им биде тешко и ним.
За војните во Украина и на Блискиот Исток, Могерини изјави дека е загрижена за тоа како реизборот на Доналд Трамп за претседател ќе влијае на почитувањето на меѓународното право.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.„Тоа ќе има импликации во Украина, на Блискиот Исток и на други места во светот. Верувам дека ќе се обиде да го следи она што го кажа“, изјави Могерини.