Мода и ренесанса: Ирина Шајк во комплет кој ретко која дама може да го носи

Ирина Шајк веќе одамна ги претвори улиците на Менхетен во модна писта.
Познатата манекенка редовно шета во најмодерните модни комбинации, заедно со ќерката Леа, и често се забележани од страна на папарацо фотографите.
Поради својата облека и чувството за мода, Шајк одамна ја има добиено титулата за икона на стилот, чии модни техники ги воодушевуваат жените ширум светот.


Ниту новото издание на манекенката не е исклучок бидејќи Ирина со овој комплет успеала да го привлече вниманието на сите љубители на модата. Овојпат, таа избрала комплет од тексас кој е составен од фармерки и јакна со потпис на брендот „Вивиен Вествуд“.


Она што е интересно кај нејзиниот стајлинг е необичниот дезен кој ја претставува ренесансната слика на францускиот уметник Франсоа Буше наречена „Дафни и Клое“.
Сликата целосно го покрива комплетот од тексас на атрактивната манекенка, која го надополнила стајлингот со чизми со дебел ѓон и црна чанта.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата Шајк?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.