Модерно, удобно и секси: Актерката во феноменален зимски стајлинг ги воодушеви сите

Холивудската актерка ја издигнува ски естетиката на едно повисоко ниво.
Кејт Хадсон штотуку ни покажа како да изгледаме шик и во ски комбинезон за секој вид на забава на снег.


Во неделата актерката присуствувала на St. Regis World Snow Polo финалето во Аспен во Колорадо, а била облечена во црно ски одело од брендот „Balmain“.


Комбинезонот ѝ бил припиен за телото, па ја прател витката силуета, особено истакнувајќи го струкот со ремен. Кејт комбинезонот го носела раскопчан до градите, дополнително нагласувајќи го сензуалниот момент на целиот стајлинг.
Изгледот го заокружила со златен накит, како и авијатичарски очила.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.