Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата

Убавината е различна за секого, барем така велат. Факт е дека без разлика дали сакаме или не, стандардите за убавина на нашето време влијаат на нашето мислење за убавината.
Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Фитнес блогерката Кејси Хо забележала дека „совршеното“ женско тело што општеството им го наметнува на жените се менува многу брзо. Исто како и подмолната природа на модата каде што трендовите се менуваат од секунда во секунда за да продолжите со купување, овие брзи промени во идеалите ги оставаат жените збунети, изморени и секогаш несоодветни. Па дали сте работеле напорно за вашите слаби нозе? Сте задоцниле, денес ви се потребни тенкa половина и голем задник.
За подобро да ја прикаже нејзината поента, Кејси решила да прикаже како се менувале стандардите за убавина во текот на годините со помош на Фотошоп.
„Ако го имав совршеното тело низ историјата, би изгледала вака.“
2018: Тесна половина и голем задник

Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Од средината на 2010-тите па до денес, големите задници, широките колкови, тенките половини и големите усни се тренд. Има огромна побарувачка во пластичната индустрија за вештачки задници, благодарение на моделите на Инстаграм. Дури и пластичните хирурзи успешно се прославуваат на Инстаграм со нивните операции. Од 2012-та до 2014-та година, инплантите на задникот и инјекциите се бараат за 58% почесто.
Средината на 1990-тите и 2000-тите: Големи гради и долги нозе


Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Од средината на 90-тите, популарни станале големите гради, рамните стомаци и слабите и долги нозе. Во 2010-та година, зголемувањето на градите била најбарана пластична операција во САД. Ова е ерата на ангелите на Victoria’s Secret.
1990-ти: Екстремно слаби


Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Во раните 1990-ти во тренд биле екстремно слабите девојки. Тие владееле со модните писти и насловните на списанијата. Дури постои и израз за овој изглед – хероин девојка.
1950-ти: Форма на песочен часовник


Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Во овој период пропорциите на Елизабет Тејлор биле идеални, а многу жени копнееле по заоблената фигура на Мерлин Монро. На жените им биле рекламирани и пилули за дебелеење за да се „исполнат“. Оваа деценија се појавиле и весникот Плејбој, како и познатата кукла Барби.
1920-ти: „Машко“ тело


Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
„Машкиот“, андроген и младешки изглед со мали гради бил вистински тренд. Жените ги криеле нивните облини, така што ги врзувале градите со лента, за да изгледаат порамно.
1400-1700: Полно, заоблено тело


Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
Во периодот на италијанската ренесанса, најпосакуваното женско тело било полно, со заоблен стомак, големи колкови и големи гради. Да бидете добро нахранети било знак за богатство и висок статус. Само сиромашните биле слаби.
Модна блогерка покажала како би изгледала доколку го имала „совршеното“ тело низ историјата
„Зошто ги третираме нашите тела како што ја третираме модата? Реалноста е дека произведувањето на нашите тела е многу поопасно од произведување облека. Престанете да се однесувате со вашето тело како да е брза мода. Ве молам третирајте го вашето тело со љубов и почит и не подлегнувајте им на стандардите на убавината. Прифатете го вашето тело бидејќи тоа е ВАШЕТО совршено тело“, изјавила Кејси.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.