Модно празноверие: Која облека ни носи среќа?

Суевереијата постојат многу одамна. Може да се разликуваат во различни земји, но нивниот ефект е ист – луѓето веруваат во скриеното значење на некои предмети, состојби и појави. Еве една нова лекција по суеверие, овој пат на темата облека.
Модно празноверие: Која облека ни носи среќа?
1. Облека наопаку
Ако случајно облечете некое парче облека наопаку, тој ден би требало да ви е среќен. Кога некој ќе ви укаже на тоа дека сте ја облекле маицата наопаку, само насмејте се, но не поправајте ја грешката ако сакате цел ден да ве следи среќа.
Истото важи и за чорапите. Ненамерното облекување чорапи наопаку се смета за предвесник на среќа и секако, носете ги цел ден така за навистина да ја доживеете. ?


2. Копчиња на облеката
Непраниот број копчиња на облеката би требало да ви донесе посебна среќа. Се сомневаме дека сега ќе појдете да ги броите копчињата на вашите кошули или дека ќе сошиете едно плус онаму каде што фали за да бидат непарен број, но сепак ние само ви кажуваме, а вие делувајте како сакате. ?
Давањето и примањето копчиња на подарок е симбол на долготрајно пријателство, а доколку пронајдете копче треба да го ставите во џеб за да ви донесе среќа.
Освен копчиња, добра среќа носат и омилените среќни парички во џеб.
3. Облека со точки
Ова е едно од најстарите празноверија поврзани со облеката, а познато е во различни делови од светот. Имено, се смета дека носењето облека со точки привлекува богатство. Малите крукчиња всушност претставуваат многу пари кои наскоро можете да ги очекувате на вашата сметка во банка.
4. Сина облека

Некои сметаат дека сината е среќна боја која привлекува успех. Небото е сино, па носењето облека во оваа боја симболизира поглед нагоре, односно поглед кон безбројни можности. Исто така, од филмовите ни е познато дека невестата на денот на својата венчавка треба да носи нешто сино за среќа.
5. Чевли
Кога врвките на вашите обувки постојано се одврзуваат иако веќе неколкупати добро сте ги врзале, значи дека ќе добиете добри вести по пошта.
Ако ги ставите вашите чевли на маса или на кревет тоа значи лоша среќа и можете да очекувате дека наскоро ќе се скарате со некој. Можеби ова не би било толку од суеверие туку поради хигиена. ?
Ако партнерот ви подари обувки, вашата заедничка иднина се доведува во прашање. Тоа наводно значи дека вашиот партнер сака да си заминете од врската. Но, зарем некој би купил пар чевли (ниедна жена никогаш нема доволно) доколку би сакал да се разделите?
Еднаш во животот треба да донирате пар чевли на некоја личност на која тоа ѝ е потребно. Според една стара изрека, ако не го сторите тоа, во идниот живот ќе одите боси. Без оглед на тоа дали верувате во ова или не, ние ве советуваме да ја подарувате сета облека и чевли кои повеќе не ви се потребни на оние на кои би можеле да им послужат. Тоа е едноставно добар гест. Ако верувате во ова суеверие, тоа е само бонус. ?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.