Пред да оди на репрезентативниот собир, капитенот на Хрватска, Лука Модриќ, вечерва треба да игра Ел Класико.
Неговиот Реал Мадрид од 21 часот и’ гостува на Барселона на Камп Ноу, а во пресрет на тој голем натпревар Модриќ даде интервју за ,,ДАЗН” во кое допре неколку интересни работи од соблекувалната на Кралскиот клуб.
На почеток на разговорот, главна тема беше новиот договор. Модриќ донесе јасна одлука, сака да игра уште една сезона за Реал, но во Мадрид би сакале да се збогува со репрезентацијата и на тој начин да си ја штеди енергијата, бидејќи на крајот на летото ќе го прослави својот 38 роденден.
„Клубот ја знае мојата желба, тоа го кажав многу пати и сега не би зборувал за тоа. Сакам да дадам сè од себе, па на крајот на сезоната ќе седнеме и ќе видиме“.
Модриќ откри дека го добил прекарот „Vinagre“ во соблекувалната на Реал Мадрид. Во Шпанија така ги нарекуваат луѓето кои многу лесно ги губат нервите.
,,Хаха, така ги нарекуваат сите кои брзо се нервираат. Прекарот го добив затоа што секогаш се лутам кога губам на тренинг. Го мразам тоа. Но, не сум единствениот, има и полоши од мене”, заклучи десеттиот играч на Реал и на хрватската репрезентација.
Пронајдете не на следниве мрежи: