Модриќ: Сакам да играм на СП 2026, но ќе видиме што ќе каже моето тело

Хрватска и Португалија ќе се соочат в четврток од 20.45 часот во првото коло од Лигата на нации, а репрезентативец Лука Модриќ зборуваше за очекувањата.

Модриќ кажа дека сака да настапи и на Светското првенство (СП) во 2026 година, но не знае што ќе се случи.

„Горд сум што играм за Хрватска. Среќен сум што селекторот ме повика во репрезентацијата. мислам дека можам да помогнам. Сакам да играм на СП 2026, но турнирот е далеку и не сакам ништо да планирам. Не знам колку е реално во моментов. Целта е да настапам во Лигата на нации, ќе видиме што ќе каже моето тело“, кажа Модриќ.

Пронајдете не на следниве мрежи: