„Моето божество“ – Aнтониа Гиговска и сопругот среќни и вљубени на прослава, еден месец по раѓањето на синот

Во црно боди со длабоко деколте, само месец и половина по породувањето Антониа Гиговска блеска на прослава со саканиот покрај неа.

Антониа Гиговска го придружуваше својот сопруг Роберт Спасенцовски на мекици кај негов пријател, по повод принова во семејството. На прославата задолжен за забавата беше таткото на Роберт, пејачот Боби Спасенцовски.

Антониа пееше и играше, додека нејзиниот сакан на Инстаграм Стори ја опиша како негово божество.

Насмеани и среќни, тие уживаат во љубовта.
Нивниот син Киан се роди на 14-ти јули.

Антониа за оваа пригода се одлучи за црно боди со длабоко деколте и фармерки и покажа дека брзо се враќа во форма по породувањето.

Фотографии од парот:

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.