Можеби убаво сте ги измиле рацете, но потоа сте направиле фатална грешка! Исто како да не сте ги измиле ако на крајот не го направите ова!

Откако коронавирусот почна да се шири, лекарите советуваат дека вистинската превенција од ширење на зараза е редовно и темелно миење на рацете.
Избегнување миење раце е исклучително опасно, бидејќи на нив се задржуваат бактерии кои потоа ги шириме насекаде околу себе. Иако повеќето сметаат дека знаат како правилно се мијат рацете – вода, сапун, триење и повторно вода, лекарите советуваат барем 30 секунди да се тријат рацете.
Меѓутоа, постои нешто што повеќето луѓе сигурно го прават во оваа постапка и со тоа повторно се доведуваат себе и другите во опасност, а тоа е завртување на славината.


Доколку после миење на рацете повторно ја затвориме славината со раце, на неа повторно се собираат бактерии и вируси, така што целиот процес претходно паѓа во вода. Затоа потребно е славината да ја затворите со марамче или тоалетна хартија после бришење на рацете.
Имајте на ум дека доколку сте некаде надвор и ја затворите чешмата со салфетка, по допирањето на валканата рачка на вратата од тоалетот вашите раце повторно можат да пренесат зараза, па затоа мора повторно да ги измиете рацете.

Практични примери, видеа како да миете раце ТУКА

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.