среда, 25 ноември 2026
Најново

Можете ли да го пронајдете кучето на оваа фотографија? На сопственикот му биле потребни речиси 10 минути за да го воочи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кога станува збор за криење и камуфлажа, мачките се вообичаено подобри од кучињата. Интернетот е преполн со фотографии од добро скриени мачки кои е навистина тешко да се пронајдат.
Но, овојпат едно лукаво куче успеа да ги збуни корисниците на социјалните мрежи. Имено, еден корисник на Редит споделил фотографија од својата соба и ги замолил луѓето да го пронајдат неговото милениче на фотографијата.
“10 минути го барав моето куче. Можете ли да го воочите?”, напишал сопственикот под фотографијата која набрзо станала вирална.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

“Ова е навистина тешка задача”, “Јас не успеав да го пронајдам ни во рок од 10 минути”, се само дел од коментарите под објавата.
Сепак, корисникот на Редит подоцна објавил фотографија на која го означил местото на кое се крие кучето.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Поврзани вести