Може да биде опасно по вашето здравје, внимателно перете ја долната облека

Доколку долната облека ја перете на температура пониска од 60 степени, тоа би можело да биде опасно за вашето здравје.

Опасните бактерии, како Ешерихија коли, лесно се пренесуваат преку облеката доколку ја переме на пониски температури. Можно е бактериите да се задржат на долната облека и по перењето од 60 или 90 степени.
Иако бактеријата е нормално присутна во цревата на човекот и бројните животни, одредени видови од неа можат да предизвикаат инфекции на цревата или мочниот меур, па и да доведат до тешки облици на болест.
За многумина перењето на 30 степени е примамливо затоа што е временски пократко и штедливо, но треба да знаете дека бактериите во човечкиот организам живеат на телесна температура од 37 степени, што значи дека ќе ги убиете само со температура повисока од тоа.

Исто така, многумина веруваат дека постелнината доволно е да се испере еднаш месечно, иако се советува перниците да се перат секој петти ден, а остатокот по 10 дена на температури повисоки од 60 степени.
Исто така, експертите препорачуваат еднаш месечно празната машина да ја исперете на 90 степени со цел да ги отстраните собраните бактерии

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.