Спиењето на лице или на страна може да доведе до настанување на брчки на образите и челото
Брчките настануваат поради недостаток на колаген и еластичност на кожата што го намалува волуменот на кожата. Освен тоа, поради притисокот од спиењето на страна, ќе го намалите производството на колаген што ќе доведе до појава на брчки. Почитајте како да го заштитите лицето од појава на брчки во текот на спиењето.
Спијте на грб
Спиењето на стомак или на страна предизвикува постојан притисок на лицето. Со текот на времето, тоа ќе предизвика брчки од спиењето, а најдобриот начин да го спречите тоа е да спиете на грб. Но оваа поза за повеќето луѓе е многу непријатна, па ви предлагаме полека да се навикнувате на неа.
Променете ја навлаката за перница
Ако не можете да се наместите и да спиете на грб, може да ги одбегнете брчките ако памучната навлака за перница ја замените со свилена или сатенска. Суштината е во тоа што вашето лица се лизга по нив, односно дава помал напор, па нема да се „згужва“.
Консумирајте ретинол
Ова веројатно е најдоброто оружје против стареење. Витаминот А ќе му помогне на лицето да се подмлади и ќе го стимулира производството на колаген, па така ќе ја спречи и појавата на брчки.
Користете ноќни кремови
Тие се тешки, многу хидратантни и веројатно не би можеле да ги ставате во текот на денот. Одберете таква што содржи хијалуронска киселина која ќе ви ја врати кожата во живот. Или користете кујнски намирници, како што е кокосовото масло. Овој производ предизвика голема револуција во индустријата за убавина. Некои жени ги заменуваат своите ноќни кремови со кокосово масло.
Одморете се!
Можеби звучи очигледно, но доволната количина на сон навистина е важна. Спијте помеѓу седум и осум часа дневно.