Милијардерот Ворен Бафет има изјавено дека тајната на неговиот успех е тоа што чита книги секој ден – по 500 страници на ден, всушност.
Ако веднаш скокнете во неверување и тврдите дека тоа не е можно, да направиме една проста математика со која ќе се уверите дека може да прочитате 200 книги годишно.
Просечниот човек чита 200 до 400 зборови во минута. Просечна книга (не белетристика) има околу 50.000 зборови.200 книги Х 50.000 зборови = 10 милиони зборови
10 милиони зборови/400 зборови во минута = 25.000 минути
25.000 минути/60 = 417 часа.
Значи ви требаат 147 часа годишно да прочитате 200 просечно големи книги.
И 417 часа ви звучи многу? Знам, ви треба референца.
Просечниот Американец поминува 608 часа годишно на социјални мрежи и 1.642 часа во гледање ТВ.
Тоа се 2.250 часа годишно поминати во зјапање во празно.
Затоа, наместо да скролате инфлуенсери на Instagram, мрчатори на Twitter и бивши на Facebook и наместо да гледате реални шоуа на ТВ, гледајте во книга.
Сега и не звучи така страшно, нели?
Фатете се за книга и носете ја секаде со вас!