Може, тврдат најновите истражувања. Научниците открија ген кај жените кој влијае на способноста да се поврзат со партнерот.
Шведски научници открија нова причина за раскинување на врска – се наоѓа во вашата ДНК! Истражен е генетскиот материјал на повеќе од 1.800 парови кои се венчале и оние кои се со партнерот повеќе од пет години во врска. Резултатот е: тој кој го има она што се нарекува соло ген произведува помалку хормон на љубов и поврзување, окситоцин – и овие луѓе имаат помала потреба да се врзуваат со некого.
Така, истражувањата покажале дека жените кои го имаат тој ген поретко го изговараат судбоносното ДА од оние без генот. Се разбира, научниците имале големи проблеми во студијата на хормоните, но сепак тврдат дека девојките кои произведуваат помалку окситоцин имаат помала желба и потреба за постојана врска.
До овие резултати е дојдено со истражување на жените со соло ген, а се во брак или долга врска. Половина од пациентите имале сериозен проблем, а голем број се пред развод (за разлика од оние кои го немаат овој ген)
Дали е вистинита изјавата: “Јас едноставно не сум за сериозна врска?” И покрај резултатите од истражувањето и откривањето соло гени, многумина се сомневаат дека само биологијата може да ја „помати“ љубовната среќа. Како и да е, сега соло генот може да биде добар изговор!
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Може, тврдат најновите истражувања. Научниците открија ген кај жените кој влијае на способноста да се поврзат со партн