Мирослав Стојановски Касапот

Може ли Македонија да влезе во НАТО со вакво раководство во Министерството за одбрана?
Главното раковотство на Министерството за одбрана во моментов се состои од личности со длабоки, приватни, семејни, оперативни и политички врски со Република Србија 
Државен секретар е Драган Николиќ, син на поранешен офицер на ЈНА од Србија. Освен ангажманите на СДСМ со странство, и логистиката за испраќање мисии и промоции на луѓе блиски со СДСМ, тој нема позначаен придонес во МО. Државен советник, а истовремено и близок соработник на министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска е Мирослав Стојановски, поранешен капетан на ЈНА во времето на српската агресија на Хрватска и окупацијата на Вуковар. Беше обвинет за убивање на невини цивили, за по окупацијата на Вуковар да биде унапреден во чин мајор на ЈНА. – „Тој студен поглед, тие продорни сини очи ќе ги паметам засекогаш. Секогаш би ги препознал изјави Здравко Комшиќ, еден од бранителите на Вуковар, а подоцна заточеник на српскиот логор во Сремска Митровица. Потсетувајќи се на Мирослав Стојановски, денес генерал и началник на Главниот стожер на оружените сили на Република Македонија, некогаш соработник во агресијата на Вуковар. Сеќавајќи се на Стојановски, Комшиќ вели дека тој бил пред автобусите во кои од хангарите на Овчаре во логорите во Србија се пренесувале бранители и цивили. Додека излегував од автобусот Стојановски ми се обрати со зборовите: е мој заповедниче, додека сум јас жив ти жив нема да излезеш од Митровица“, раскажа Комшиќ. 
Предавството на Митница
За делувањето на генералот Стојановски Хрватското друштво на логораши во српските концентрациони логори поседува и видео-запис на кој се гледа како тој го надгледува предавството на Митница. Срамно е таква личност, одговорна за смртта на бројни вуковарчани, со сите почести да се прима во Хрватска и тоа токму на денот кога се одбележуваа 14 години од падот на градот. Тоа е голем срам и шлаканица за сите нас, огорчен е Комшиќ. Мирослав Стојановски беше заповедник во единица на Воената полиција која е одговорна за смртта и исчезнувањето на десетина жители на Вуковар.
Началникот на Воената обавештајна служба Горан Василевски е личност која има врска со војската на Србија, што пак е директна причина подолг период да не подлежи на безбедносна проверка. Василевски е еден од ретките вработени во Македонската армија кој во 2013 година пишуваше во весникот на Министерството за одбрана на Србија без претходна согласност од Министерството за одбрана на Македонија.
Добро упатените нагласуваат дека за да се објави напис во службено јавно гласило во војска, или слично, потребна е поврзаност со уредувачката структура на истото, а тоа се само повисоки челници на земјата. Се поставува прашањето може ли Македонија со таква организациска структура, која очигледно е поврзана со некоја држава која не е членка или партнер во NATO сојузот, а во овој случај Република Србија може да биде вистински партнер на сите останати членки на NATO, а особено на Хрватска?

Извор: Duboke veze: Može li Makedonija u NATO-u s takvim vodstvom u Ministarstvu obrane?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.