Новак Ѓоковиќ ја оправда улогата на фаворит и лесно излезе на крајот со Лоренцо Музети, тенисер кој веќе станува негов „редовен пациент“ затоа што ова беше петта победа во низа, а вкупно осма во деветте пресметки со Италијанецот.
Ѓоковиќ славеше со 6-2 и 6-2 и во четвртфиналето треба да ги одмери силите со домашниот рекет Себастијан Корда. Меѓутоа лесно може да се случи Ѓоковиќ без борба да дојде до полуфиналето на Мастерсот во Мајами, а причината за тоа е проблемот што го има неговиот нареден ривал.
Имено Корда има проблеми со зглобот на раката и поради тоа го откажа настапот во четврфиналето во игра на двојки.
Средбата Ѓоковиќ-Корда е закажана за в четврток наутро од 01:30 часот.
The post Може ли Ѓоковиќ без борба до полуфинале во Мајами? appeared first on 365.mk.